📊 LIVE PRICES
Loading prices...

Услови за користење

Последно ажурирано: април 2026

1. Прифаќање на Условите

Со пристапувањето и користењето на овој блог Crypto Gemidzija, вие се согласувате да бидете обврзани со овие Услови за користење и сите применливи закони и регулативи. Ако не се согласувате со било кој дел од овие услови, не треба да го користите овој блог.

2. Едукативна содржина (Не е финансиски совет)

Содржината на Блогот е исклучиво едукативна и информативна. Ништо објавено на овој Блог не преставува финансиски, инвестициски, правен или даночен совет. Секоја одлука за инвестирање е ваша лична одговорност. Крипто пазарот е високоризичен и може да доведе до загуба на средства.

3. Интелектуална сопственост

Содржините на Блогот (текст, видеа, графики, логоа, итн.) се заштитени со авторски права и се во сопственост на тимот Крипто Гемиџија. Не е дозволено репродуцирање, дистрибуирање или менување на содржините без претходна согласност од тимот.

4. Кориснички обврски

Со користење на Блогот, вие се согласувате:

    • Да не злоупотребувате ниедна функција на Блогот
    • Да не испраќате спам, малициозни линкови или невистинити информации
    • Да не се обидувате да пристапите до неовластени делови на системот
    • Да ги почитувате останатите членови на заедницата
    • Да не користите било какви ботови кој би го оптовариле непотребно блогот.

5. Известувања

Со претплата на push известувања, давате согласност за примање содржини од нас. Можете да се отпишете/одкажете во секое време.

6. Линкови кон трети страни

Дел од постовите за Гео-Политика, Макро-Економија и Крипто Вести се агрегирани од трети страни и се преведени на Македонски јазик и сумирани со помош на вештачка интелегенција.

Овие постови на Блогот содржат линкови кон надворешните веб-страници со цел да може да се прочита оригиналната вест. Не сме одговорни за содржината, политиките или практиките на овие страници.

7. Ограничување на одговорност

Блогот и неговите содржини се обезбедуваат „како што се”. Не гарантираме за точноста, комплетноста или континуитетот на содржините. Не сме одговорни за директна или индиректна штета настаната од користењето на Блогот.

Содржините на нашите постови се исклучиво едукативни/информативни и не претставуваат финансиски совет. Не сме одговорни за било какви финансиски одлуки донесени врз основа на нашите содржини.

8. Измени на условите

Го задржуваме правото да ги менуваме овие Услови во секое време. Измените стапуваат на сила со објавувањето на Блогот. Продолженото користење по измените значи прифаќање на новите услови.

9. Контакт

За прашања поврзани со овие Услови, контактирајте нè на: [email protected]