Повеќе од економија: Политиката зад изборот на претседател на ЕЦБ
По интензивните преговори меѓу Европската Унија и Кина, во текот на кои претставниците на ЕУ укажуваа на потребата од „промена на парадигмата“, беше постигнат изненадувачки трговски договор. Европските претставници го оценија договорот како показател дека „природата на ребалансирањето се променила“. Меѓу предвидените мерки се наведуваат воведување строги квоти за увоз на кинески хибридни автомобили во ЕУ и намалување на кинеските царини за различни европски производи. И покрај тоа што европските претставници го претставија договорот како значаен успех за Унијата, неговото постигнување се одвива во услови на зголемени фискални и економски притисоци во нејзините најголеми економии. Франција се соочува со значителен буџетски дефицит и висок јавен долг, што го ограничува фискалниот простор на владата и ја зголемува потребата од мерки за консолидација на јавните финансии. Истовремено, Германија се соочува со долготрајна економска стагнација, притисоци врз индустрискиот сектор и потреба од дополнителни јавни инвестиции, особено во инфраструктурата и економската модернизација, а и закана од зголемен притисок врз фискалната политика. Овие предизвици ја усложнуваат можноста на двете земји да одговорат на економските притисоци и да ја зајакнат конкурентноста на европската економија. Во такви околности, прашањето за трговскиот дефицит на Европската Унија во односите со Кина добива дополнителна важност.
Но што се случува во светот на независните институции што го обликуваат финансискиот систем на Европската Унија, и дали Унијата ќе може да го издржи и овој потрес? На 16 октомври се проширија гласини дека Светскиот економски форум би можел да ја назначи Кристин Лагард за своја следна претседателка веќе следниот месец, односно на почетокот на ноември. Информацијата ја пренесе Reuters, повикувајќи се на четири лица блиски до Светскиот економски форум. Ова е третпат во текот на годината да се појават гласини дека Лагард би можела да поднесе оставка од функцијата претседателка на Европската централна банка (ЕЦБ). Нејзиното евентуално заминување би можело да предизвика пошироки промени во раководството на ЕЦБ, како што беше разгледано во текстот „Од постепена промена до системска трансформација“. Таквиот развој би им отворил простор на европските лидери да започнат процес на избор на нов претседател на ЕЦБ, во период кога истовремено се соочуваат со политички протести во Италија и Франција, како и со сериозни фискални предизвици. Сепак, институционалните промени ретко се случуваат изолирано или целосно ненадејно; најчесто им претходат постепени поместувања, политички сигнали и шпекулации за идното раководство. Токму затоа, повторното појавување на гласините за можното заминување на Лагард отвора простор за анализа на потенцијалните кандидати за нејзин наследник. Меѓу имињата што се споменуваат во контекст на идното раководство на ЕЦБ се Пабло Ернандес де Кос (Pablo Hernández de Cos), Клас Нот (Klaas Knot), Франсоа Вилроа де Гало (François Villeroy de Galhau) и Јоахим Нагел (Joachim Nagel). Била спроведена и анонимна анкета со цел да се проценат нивните карактеристики и да се утврди кој од нив се смета за најпотенцијален кандидат за функцијата претседател на ЕЦБ.
Резултатите од анкетата можете да ги видите подолу од сликата.
Во многу категории победува Pablo Hernández de Cos (иако според мене тој има најголем потенциал). Ернандес де Кос се истакна во четири категории од анкетата: познавање на монетарната економија, градење консензус, способност за обезбедување поддршка од други земји членки и европскиот институционален профил. Во однос на искуството во централното банкарство и познавањето на пазарите на капитал, тој го зазеде второто место, додека во категоријата политичка поддршка во матичната земја се пласираше на третото место. Според одредени набљудувачи, премиерот Педро Санчез можеби нема да го поддржи кандидатот кој бил назначен за гувернер на Банката на Шпанија од конзервативната Народна партија. Ернандес де Кос е познат по својата технократска експертиза и искуството во централното банкарство, поради што ужива почит и кај застапниците на построгата монетарна политика во Северна Европа. Иако имал резерви во врска со зголемувањето на каматните стапки на ЕЦБ во септември 2023 година, неговите ставови не мора да укажуваат на изразено помирлива монетарна политика. Во прилог на неговата кандидатура одат и релативно добрите економски резултати на Шпанија. Поранешниот потпретседател на ЕЦБ, Луис де Гиндос, исто така ја истакнал важноста на Шпанија, како четврта најголема економија во ЕУ, да има соодветна застапеност во раководството на Банката. Дополнително, Ернандес де Кос ја поддржува интеграцијата на европските пазари на капитал, заедничкото задолжување и воспоставувањето европски систем за осигурување на депозитите. Сепак, овие иницијативи се соочуваат со политички пречки, особено поради резервираноста на Германија кон подлабока фискална интеграција. Како дополнителна предност се издвојува и неговото искуство во развојот на системи за токенизирани средства, што може да биде значајно за идната дигитализација и модернизација на европскиот финансиски систем, односно ,,Appia”. Како конкуренција можеме да го отфрлиме во целост François Villeroy de Galhau, кој во 2026 заврши со својот мандат како претседател на Француската централна банка и како економист кој нема никакво познавање од блокчејн технологијата за да може да и помогне на Европска унија да го интергира ,,Appia” во финансискиот ситем.
Клас Нот има големо искуство во централното банкарство, а добро е оценет и во управувањето со кризи и познавањето на пазарите на капитал. Иако традиционално се залага за построга монетарна политика, учествувал во развојот на алатки за справување со кризни ситуации, меѓу кои и програмата за пандемиски итни набавки и Инструментот за заштита на трансмисијата (TPI). Еден од предизвиците за идниот претседател на ЕЦБ би можело да биде користењето на TPI за спречување на големи осцилации на пазарите на државни обврзници. Иако инструментот сè уште не е активиран, самото негово постоење може да влијае врз однесувањето на инвеститорите. Сепак, ова прашање е особено чувствително во Германија, каде што постои загриженост дека купувањето државни обврзници од страна на ЕЦБ може да се смета за недозволено финансирање на државниот долг. Искуството на Нот во централното банкарство, финансиската стабилност, Меѓународниот монетарен фонд и холандското Министерство за финансии би можело да му помогне во справувањето со вакви ситуации. Сепак, евентуалната употреба на TPI е поврзана со одредени услови за економската и фискалната политика на земјата. Франција, на пример, има буџетски дефицит од 5,1% и јавен долг од 118% од БДП, што е значително над референтните граници на ЕУ од 3% и 60%. Затоа, евентуална интервенција би барала внимателно балансирање меѓу стабилноста на финансиските пазари и потребата од одржливи јавни финансии. Дополнителен предизвик за Нот би можеле да бидат и неговите ставови против квантитативното олеснување, кои ги изрази во 2019 година. Тие би можеле да предизвикаат одредени резерви во Италија, иако дел од советниците на премиерката Џорџија Мелони наводно имаат позитивен став кон неговата кандидатура.
Нагел е интересен кандидат во анкетата, заземајќи го првото место и за управување со кризи и за познавање на пазарите на капитал. Нагел помогна во водењето на сложениот механизам за отстранување на кредитниот ризик поврзан со поединечни субјекти од банкарското задолжување по кризата во 2008 година. Тој покажа одредена отвореност кон идејата за заедничко европско задолжување – нешто незамисливо за неговите претходници – и би можел да биде во најдобра позиција да ги усогласи германските приговори со европските потреби. Еден економист, учесник во анкетата кој учествувал во креирањето на монетарната унија, го опиша Нагел како „најочигледен избор“. Според анкетираните Нагел нуди можност за континуитет во ЕЦБ, бидејќи е член на Советот без прекин уште од јануари 2022 година. Другите двајца главни кандидати исто така биле членови на Советот долг временски период, но веќе повеќе од една година не учествуваат во неговите дискусии. Ернандез де Кос, гувернер на Банката на Шпанија до јуни 2024 година, во јули минатата година стана високо ценет генерален директор на Bank for International Settlements. Кнот – кој во раната фаза од трката доби условна поддршка од Лагард – беше претседател на Централната банка на Холандија во текот на 14 години, сè до јуни 2025 година.
Сепак, во изборот на новиот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) значајна улога ќе има и политиката. Пред Кристин Лагард, која ја презеде функцијата во 2019 година, претседател беше Марио Драги, познат по изјавата „Whatever it takes“. Политичкиот фактор е важен и затоа што е тешко да се очекува претседателот на ЕЦБ секогаш да доаѓа од иста држава, во овој случај Франција. Од друга страна, Германија во моментов нема очигледен кандидат кој би можел да ја преземе оваа позиција. Еден од фаворитите е Ернандез де Кос. Неговата предност може да се поврзе со неколку фактори: Шпанија е отворена кон миграцијата, нејзината економија бележи раст, а земјата не настапува со претензии за доминантна политичка улога во ЕУ. Дополнително, де Кос веќе има можност да го покаже своето лидерство како генерален директор на Bank for International Settlements (BIS). Неговите ставови за предизвиците со кои се соочуваат централните банки можат да се видат во два негови говори: на годишното предавање на SUERF во Виена и на самитот на централните банки во Турција. Сепак, ваквото внимание кон де Кос може да се толкува и како знак дека тој е сериозен кандидат за претседател на ЕЦБ. Доколку биде избран, за првпат во историјата на ЕЦБ на нејзино чело би застанал Шпанец. Сличен пример за поширока географска застапеност е Борис Вујчиќ од Хрватска, кој ја извршува функцијата потпретседател на ЕЦБ.
Времето ќе покаже во која насока ќе се движи изборот. Наше е да ги следиме промените, да се прилагодуваме и да ги искористиме можностите што ќе се појават.
