📊 LIVE PRICES
Loading prices...

Само што ги добивме стапките за инфлација во Мурика… КАТАСТРОФА!

Само што ги добивме стапките за инфлација во Мурика…

CPI раст од 0.5% од Март во Април… вкупен раст од почеток на војната = 1.4% ШТО Е ОГРОМЕН РАСТ ЗА САМО 2 МЕСЕЦА…

Core раст од 0.2% од Март во Април… вкупен раст од почетокот на војната = 0.3% што значи дека сеуште CPI инфлацијата не се преточила во Core индексот – но очекваме ова да се случи наскоро!

Ова е ТОКМУ ТОА НА ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ! Колку подолго трае војната на Блискиот Исток, затворениот Хормутски теснец и недостатокот на 20% од секојдневното прозиводство и пуштање во употреба на нафта од овој регион – толку повеќе ќе расте инфлацијата во престоечкиот период!!!

Муабетите на Орангутанус Педофилиус дека наводно војната „не го афектира пазарот„ се апсолутно ЛУДИЛО на еден сенилен старец!

Оваа инфлација наскоро страшно ќе почне да се одразува на сите цени на услугите и добрата со кои сме опкружени и од кои зависиме! Ваквото инаетење за тоа како и кога да се отвори Хормуз, ќе го плаќа апсолутно целиот свет! Дополнително, централните банки во целиот свет доколку ова брутално темпо на раст на инфлацијата продолжи, ќе бидат приморани да ги зголемат повторно сопствените каматните стапки – ова значи стагнирање на економиите и потенцијална рецесија на глобално ниво!

А во целата оваа приказна – Иран и мурика не се ниту блиску до решавање на конфликтот! Во текот на вчерашниот ден повторно меѓусебно беа одбиени предлозите за завршување на војната и отварање на Хормуз помеѓу мурика и Иран! Мурика повторно се закани со почеток на втора рунда од овој воен конфликт + Геноцидниот манијак Милејковски кој на прекар го викаат Нетанјаху веќе најави дека мора да има копнени трупи во Иран со цел да се одземе збогатениот Ураниум!!!!!?????!!!!

Сето ова уште пред да земеме во предвид дека одредени нации се пред апсолутно застанување на сопствената Економија! Држави како Бангладеш, Лаос, Виетнам, Австралија се во состојба на недостаток на нафта и нафтени деривати кои можат да предизвикаат комплетно застанување на сопствените Економии!!! Ваков феномен во модерно време сеуште не сме виделе од времето на Втората Светска војна! Па тек ова ако се случи колку само работите ќе ескалираат!

Се надеваме дека не сме во право, се надеваме дека нашите проценки се погрешни – но растот на инфлацијата која е првиот најјасен индикатор за она што го очекуваме покажуваат дека нашите анализи се за сега точни!

Продолжуваме со едукација и следење на пазарите!

Детално за моменталната глобална Економска состојба во Livestream-от во Среда заедно со Гоце!

Македонец за Македонец

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *